Актерот Сашко Коцев ќе гостува со популарниот стендап „Широк дијафазон“,во Центарот за култура во Крива Паланка денеска (7 јуни) од 20 часот.
Со својот препознатлив хумор, Коцев зборува за машко-женските односи, недостатоците во општеството и забавните ситуации од секојдневието. Цената на билетот е 300 денари, а средствата се наменети за кампањата „Концертен клавир за Крива Паланка-Градот на културата“.
Коцев неодамна ни рече дека нема точна бројка колку пати ја играл стендап претставата, но е некаде околу 40.
„Јас сум многу среќен што реакциите се вакви, што продажбата е ваква, што публиката излегува полна со енергија и ентузијазам, со една весела и позитивна мисла. Јас не секогаш се трудам да бидам урнебесно смешен, се трудам макар малку да бидам и поучен“, вели актерот.
На 13 јуни Коцев ќе го игра стендапот во МНТ.
Фото: К. Попов