Влатко Стефановски ќе одржи концерт во Белград на 16 декември, на кој ќе одбележи 50 години музичка кариера. Како гости на концертот во „Сава центар“ се најавени Џибони, Мирослав Тадиќ и Дамир Имери, а Стефановски ќе свири со своето трио, во кое членуваат неговиот син Јан на тапани и басистот Иван Кукиќ.
Роден во Прилеп во 1957 година, Стефановски бил член на неколку групи, пред да ја формира „Леб и сол“ во 1976. Првиот соло албум го објави во 1994, а во меѓувреме престана да работи со „Леб и сол“.
Стефановски денес е еден од најценетите европски гитаристи кој соработува со врвни музичари од целиот свет.
Фото: К. Попов