ЃОКОВИЌ ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ ИГРА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗ

Белград, (Ројтерс)

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Олимписките игри во Париз, објави Олимпискиот комитет на Србија. Тоа ќе биде неговиот петти настап на олимпијадите, почнувајќи во 2008, кога освои бронза.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос и одлучи да го оперира коленото со цел да биде подготвен за ОИ, но затоа најверојатно ќе го пропушти Вимблдон.

Тој нема освоено ниедна титула оваа година, откако лани славеше на три гренд слем турнири. Пред почетокот на сезоната, Ѓоковиќ истакнуваше дека олимпиското злато му е една од главните цели.

(Фото: Фејсбук)