КАКО ДА ЈА ОТВОРАМ МОЈАТА ПАНДОРИНА КУТИЈА, ВЕЛИ НАОМИ КЕМБЕЛ ЗА ИЗЛОЖБАТА НА ФУСТАНИ И ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ ВО ЛОНДОН

Лондон, (Би-Би-Си)

Изложба на фустани и лични предмети на супермоделот Наоми Кембел е поставена во Музејот на Викторија и Алберт во Лондон. Таа ги следи примерите на Дејвид Боуви, Фрида Кало и Кајли Миног, кои исто така имаа самостојни изложби во престижниот лондонски музеј.

„Чував толку многу работи во складиште затоа што патувам многу. Тоа не е само облека, чувам и фотографии и бекстејџ пропусници од модни ревии од пред 20 години. Едвај чекам да го покажам тоа на ќерка ми еден ден“, рече Кембел.

Во музејот ќе бидат повеќе од 100 парчиња облека и додатоци и некои од нејзините најрани фотографии.

„Некои предмети никогаш не биле покажани во јавност. Ова е како отворање на мојата Пандорина кутија“, додаде супермоделот.

Како првата црна жена која се најде на насловната страница на „Вог“ и „Тајм“, таа отсекогаш се борела за различности во модната индустрија. Поранешниот главен уредник на британски „Вог“ и нејзин близок пријател Едвард Енинфул внимателно направи избор од нејзините фотографии.

„Посетителите буквално ќе прошетаат низ животното патување на Наоми“, рече Енинфул.