ЛУБЕНИЦАТА Е ЕДНО ОД НАЈЗДРАВИТЕ ОВОШЈА, СОДРЖИ 90 ПРОЦЕНТИ ВОДА И МНОГУ МАЛКУ ШЕЌЕР

Њујорк, (Њујорк Тајмс)

Лубеницата е плод на летото. Во Америка е попопуларна од дињата затоа што е најдобро разладување во топол ден, составена од 91 процент вода. Едно парче лубеница е како да сме испиле чаша вода. 

Лубеницата е преполна со хранливи материи и антиоксиданси, кои вклучуваат витамини А и Ц. Бидејќи е претежно водена, може да послужи како добар избор за дневен внес на вода.

Лубеницата содржи и калиум и магнезиум и релативно е нискокалорична. Во 150 грама лубеница има 46 калории, 11,5 грама јаглехидрати, 0,6 грама влакна, 4 грама шеќер, 0,9 грама протеини и 0,2 грама масти.

Некои хранливи материи во лубеницата можат да го подобрат здравјето на срцето. Лубеницата содржи и цитрулин, аминокиселина која може да помогне во намалувањето на крвниот притисок.