Џез гитаристот Владимир Василевски-Четкар сними спот за новиот сингл „Не ме оставај да чекам“ (Don’t Make Me Wait). Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид и Струга и е во режија на Бојан Симјаноски, а во продукција на „Хермонија“. Четкар е комплетен автор на песната: композитор, аранжер, текстописец, оркестратор, вокал и гитара.
Песната ќе се најде на новиот студиски албум на Четкар, „Let Us Be“, кој прво ќе биде објавен на 18 септември во Токио од јапонската дискографска куќа „Пи вајн рекордс“, а потоа ќе биде дистрибуиран низ целиот свет.
„Новиот сингл е снимен комплетно во живо, со гудачка, дувачка и ритам секција, како и водечки и придружни вокали, во Чикаго и Милвоки“, велат од тимот на Четкар.
На 3 август, Четкар со својот џез, соул и фанк бенд ќе одржи концерт во Охрид, во клубот „Деспина лаунџ“ на самото езеро.