Француско-британскиот филм на режисерот Вуди Ален, „Неочекувана среќа“ вечерва (17 јули) ќе го затвори 23. издние на Фестивалот на европски филм Синедејс во Скопје. Филмот по сценарио на Ален е снимен во 2023, а кинематографер е Виторио Стораро.
Проекцијата е од 21:30 часот во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ.)
Во 23 часот на платото пред МКЦ е најавена музичка програма со: диџеј сет на Џано Куч, Марко Иван Кочишки и Ѓорѓи Старделов.
Фото: „Гардијан“