Од 23 јули до 1 август, во „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржува настанот „Скопје вибрира“, изложба на дизајн и визуелни уметности.
Во изложбата ќе учествуваат млади и досега релативно непознати уметници во сферата на дизајнот, рачните изработки и визуелните ументости, за кои Скопје е тема и инспирација во нивната работа. Настанот ќе им даде можност за презенатција на новите таленти.
„Ова е повеќедневен настан во организација на културниот центар „Лабораториум“ лоциран во индустриската хала на поранешната печатница на НИП ‘Нова Македонија’ и покрај поп ап изложбата ќе понуди музичка, филмска и забавна програма“, велат организаторите.