Тетово нема градски базен, нема ниту плажа, но сега доби игралиште на одбојка на плажа. На дел од Градскиот плоштад ставен е песок и е направено импровизирано игралиште за одбојка на плажа. Ова е дел од Тетовското културно лето каде освен настани од културата има им спортски дел во кој е предвидено да се одржат неколку спортски натпревари меѓу кои, за првпат во Тетово се одржа натпревар во одбојка на плажа. Во овие натпревари настапија екипи 9 екипи со одбојкари од Тетово, Штип, Украина и од Косово.
На почетокот на Тетовското културно лето, кога на градоначалникот Билал Касами му беше укажано дека програмата за овој настан е напишана само на албански јазик, тој вети дека таа ќе биде објавена и на македонски, но досега тоа не го направи. Исто така тогаш беа упатени и забелешки дека за македонската, ромската и турската националност кои живеат во Тетово на Културното лето се предвидени минимален број активности.
З.АНДОНОВ