Црногорскиот пијанист Симо Шешевиќ вечерва (25 јули) ќе одржи концерт на Скопско лето, во Музејот на македонската борба.
Шешевиќ е класичен концертен пијанист од Црна Гора. Почнал да свири пијано на шест години, а неодамна дипломирал на Кралскиот колеџ за музика во Лондон .Има победено на многу национални и меѓународни натпревари. Тој исто така е композитор и студира диригирање.
Репертоарот на Шешевиќ се движи од ран барок до современа музика. На концертот ќе бидат изведени дела од Брамс, Метнер и Рахманинов.