НАЈВИСОКИ ОЦЕНКИ ЗА УНИКАТНОСТА НА АКТЕРИТЕ ОД „ЦРНИОТ ПАНТЕР“

Лос Анџелес, (Вог)

Реткост е целата екипа на еден филм да изгледа одлично на свеченото доделување на Оскарите, но талентираната екипа од блокбастерот „Црниот Пантер“ не е обичен тим.

Лупита Нјонго, Винстон Дјук и Данај Гурира (Фото: Гети)

Актерите презедоа моден ризик и излегоа со најсмелиот изглед на црвениот килим на 90. доделување на најпрестижните филмски награди.

Од моментот кога Чедвик Боузмен се појави во костим на „Живанши“ се знаеше дека најдоброто од Марвел е бизнис, како што и се очекуваше од ѕвездите на филмот број еден во светот во моментов.

Од премиерата во февруари, првиот филм со црномурести суперхерои за три недели заработи 560 милиони долари во САД на кино-благајните, а вкупно 897,7 милиони на светско ниво.

Чедвик Боузмен во „Живанши“/ Даниел Калуја во „Брунело Кучинели“

За помалку од три недели, „Црниот Пантер“ стана петти филм со најголема заработувачка при премиерно прикажување, зад „Војна на ѕвездите: силата се буди“, „Војна на ѕвездите: последниот Џедај“, „Светот на јура“ и „Одмаздници“.

Лупита Нјонго изгледаше како кралица во креација на „Версаче“, со асиметричниот ракав и златни детали во традиционалната фризура од Руанда.

Од друга страна, Данај Гурира се одлучи за минималистичка префинетост во бледо розов фустан на „Габриела Хрст“ и со елегантен дијамантски чокер-ѓердан и малку сложена уметност за коса.

Гурира совршено се координираше со партнерот од филмот Даниел Калуја, номиниран за најдобар актер за „Бегај“, чие кадифено бронзено палто од „Брунело Кучинели“ беше шик алтернатива на традиционалната црна вратоврска.

Винстон Дјук ја надополни атмосферата на килимот со смокинг и шал со сребрени шари.

Боузмен, Нјонго, Гурира, Калуја и Дјук се обединија поради нивната подготвеност да направат нешто поинакво. Со нивниот уникатен и атрактивен изглед, тимот беше високо рангиран меѓу ѕвездите во најважната филмска ноќ.