ТЕЈЛОР СВИФТ СЕ ВРАЌА СО ПЕТ КОНЦЕРТИ ВО ЛОНДОН ПО ОТКАЖАНИТЕ ТРИ ВО ВИЕНА

Лондон, (Скај њуз)

Тејлор Свифт денеска (15 август) се враќа на „Вембли“ во Лондон за нејзиниот прв настап по откажувањето на концертите во Австрија поради закана од терористички напад. Свифт веќе одржа три концерти на овој стадион како дел од турнејата „Ери“, која соборува рекорди, а сега се враќа за уште пет, од кои последниот ќе го означи крајот на европската турнеја.

Нејзините први концерти во Лондон во јуни беа меѓу најзапаметените на турнејата, при што поп-ѕвездата го покани своето момче, американскиот фудбалер Тревис Келси, како изненадување да се појави на сцената.

Сите три концерти на Свифт во Виена, кои требаше да се одржат на 8, 9 и 10 август, беа откажани поради можен терористички напад, за што се уапсени тројца тинејџери, од кои првоосомничениот има потекло од Македонија.

Обожавателите на суперѕвездата се собраа во Виена за да ги поддржат оние кои имаа билети за распродадените концерти и плачејќи ги пееја нејзините хитови.