Актерката Синтија Никсон размислува да се кандидира за гувернер на Њујорк, објави „Њујорк тајмс“.
Популарната Миранда Хобс од „Сексот и градот“ и активистка имала состанок со демократските политички советници Ребека Кац и Бил Хајерс, подготвувајќи терен да го предизвика актуелниот гувернер Ендрју Куомо на изборите што ќе се одржат наесен.
Портпаролката на Никсон не го потврди овој состанок, но призна дека таа „сериозно разгледуваа ваква можност, откако добила поддршка од голем број загрижени њујорчани“.
„Ако и кога одлука биде донесена, Синтија јавно ќе ги објави своите планови“, изјави Ребека Капелан.
Кац и Хајерс претходно беа советници на градоначалникот на Њујорк, Бил ди Блазио, за кого се зборува дека не е во добри односи со Куомо.
Ако Никсон победи на изборите, Њујорк за првпат би имал гувернерка, која, истовремено, отворено зборува дека е хомосексуалка.