Жителите на една естонска област изгласале лист на канабис да стои во нејзините знаме и грб.
Канепи, што се наоѓа во југоисточна Естонија, настана во јули минатата година со спојување на три претходно одделни области, па жителите добија шанса сами да го изберат симболот што ќе ја претставува новата област.
Како најпопуларен дизајн се покажа оној што содржел лист на канабис, што не било случајно, бидејќи „канеп“ на естонски значи канабис.
Градоначалникот Андрус Семе кажа дека победничкиот дизајн добил 12.000 од можни 15.000 гласови, па решил да ја испочитува волјата на мнозинството.
Канабисот е нелегален во Естонија, но претставникот на централната влада Герт Ујбоед изјави дека нема да се противат на одлуката на локалната власт.
„Канабисот се користи како хералдички симбол веќе долго време. Локалната власт има право да избере симбол кој сака“, кажа Ујбоед.