Вечерва (1 октомври) од 20 часот, на малата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се одигра претставата „Пенелопијада“ на театарот Маладип од Будимпешта, Унгарија, која е во рамките на фестивалот на античка драма Стоби.
Режијата на Золтан Балаш ја прераскажува добро познатата античка приказна од лична перспектива на искусната, храбра и снаодлива сопруга на Одисеј, Пенелопе, засилувајќи ги женските аспекти на митот.
„Претставата ветува продукција со сите уметности во толку разновидни театарски жанрови, што на публиката ѝ дава можност за играчко искуство слично на калеидоскоп, кое може да се доживее и лично и колективно“, велат организаторите на фестивалот.
Во претставата играат Габриела Варга, Едина Бајко и Нели Орбан.
П. ПЕЧКОВ