ВОЗБУДЕНА СУМ ШТО ЌЕ ГО ОДРЖАМ НАЈГОЛЕМИОТ КОНЦЕРТ ВО КАРИЕРАТА, ВЕЛИ КАЛИОПИ ПРЕД ЈУБИЛЕЈОТ ВО СКОПЈЕ НА 19 ОКТОМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Калиопи ќе слави 40 години кариера на концертот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, што ќе се одржи на 19 октомври од 21 часот. Очекува тоа да биде нејзиниот најголем концерт досега. 

„Не можам да ја опишам возбудата која ме обзема деновиве пред големиот концерт во Скопје. Имам чувство дека арената ‘Борис Трајковски’ ќе биде премала за да ги собере сите емоции вечерта на 19 октомври. Многу сум среќна што големиот јубилеј ќе биде крунисан со, за мене, најголемиот и највеличествен концерт во мојата кариера токму овде, во Скопје. Подготвуваме спектакуларно музичко и визуелно доживување за публиката и сите со нетрпение го чекаме денот на концертот. Ќе биде тоа ноќ која сите ќе ја паметиме долго“, вели Калиопи.

Од продукцијата „Прагма“, која е организатор на концертот, велат дека пробите се во тек, а концертот ќе биде богат со аудио-визуелни ефекти. Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на kupikarta.com.   

Фото: Ани и Дими