Нов документарец за последната турнеја на Сер Елтон Џон, во корежија на неговиот сопруг Дејвид Фурниш, беше премиерно прикажан на Лондонскиот филмски фестивал.
Документарниот филм наиде на мешан прием кај критичарите. „Варајети“ напиша дека „кралот на попот добива документарец што го заслужува“, но „Гардијан“ го опиша како „тенок портрет на музичкиот гениј“.
Снимката од турнејата која почна во 2018 а заврши во 2023 е испреплетена со архивски материјал кој се фокусира на популарноста на Сер Елтон на почетоците на неговата кариера, особено во 1970-тите. Филмот следува по биографскиот филм „Рокетмен“, кој излезе во 2019, а Елтон Џон го глуми и Тарон Егертон. Документарецот се фокусира на концертот на Сер Елтон во 2022 на стадионот Доџер во Лос Анџелес, место на кое првпат пеел во 1975.
Користењето на стадионот како заеднички именител овозможува временската рамка на филмот да скока напред-назад и да истражува како Сер Елтон и општеството околу него се менувале во текот на децениите.
Најочигледна разлика е односот кон хомосексуалноста. Сер Елтон Џон изјави дека е бисексуалец во интервју за „Ролинг Стоун“ во 1976. „Признанието за мојата сексуалност ми наштети во кариерата“, вели Елтон Џон во документарецот.
Но, денес тој е еден од милионите геј луѓе ширум светот кои имаат право да бидат во брак и да основаат семејства.
Сер Елтон, исто така, не се избегнува да признае дека користел дрога на врвот на неговата слава и негативното влијание што го имало тоа врз пишувањето песни.
Фото: Дизни