Хрватските актери Никола Недиќ и Марио Јовев со кабарето „Концерт за лажици и гитара“, работено под менторство на Раде Шербеџија и Ленка Удовички, се денеска (16 октомври) на програмата на фестивалот РУТА во Драмски театар во Скопје. Претставата ќе се игра од 20 часот.
Недиќ и Јовев со кабарето настапуваат веќе девет години и имаат над 100 изведби во Хрватска. Продукцијата е на театрите Улисис и ЕЏИТ.
Во „Лажици и гитара“ двајцата уметници кажуваат поезија и раскажуваат за својот живот преку звуците на лажици, гитара и мандолина, што наликува на музицирањето на трубадурите.
Регионалниот фестивал РУТА е основан во 2019 и се одржува на секои два месеца во еден од шесте театарски центри.
(Фото: Студио Петовиќ)