Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано стана татко, потврди тој за СМАРТ СДК.МК. Тој и неговата партнерка добија син кој се вика Марко.
Лозаноски не зборува многу во јавноста за приватниот живот, а во едно интервју само кусо кажа дека има партнерка.
Лозано неодамна сними нова песна со наслов „Жолто црвено“, за која вели дека е напишана според вистинска животна приказна.
„На една од моите турнеи минатата година се запознав со еден нашинец, кој во неврзан разговор ми ја раскажа неговата животна приказна. Во тој момент не ѝ дадов многу на значење, но по некое време почнав сѐ повеќе да размислувам за создавање песна инспирирана од тој краток разговор. Со авторите Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска-Ена долго работевме на овој проект, свесно не сакавме да брзаме, за да може и ние лично да се вклучиме во самата приказна”, кажа пејачот.
М. ЏАРОВСКА
Фото: К. Попов