Американската актерка Хедер Локлир доби забрана да поседува оружје по наводниот напад врз полицајци, одлучи судот.
Локлир, која има 56 години, беше приведена по тепачка со нејзиниот партнер во нејзиниот дом во Лос Анџелес минатиот месец и кратко беше задржана во притвор. Сега се соочува со повеќе обвиненија по наводниот напад врз полициските службеници, кои одговориле на повикот за домашно насилство. Таа притоа давала отпор и ја попречувала работата на полицијата.
Актерката е ослободена со кауција од 20.000 долари, а наредното рочиште е закажано за 13 април.
Локлир е најпозната по улогите во ТВ-сериите „Династија“ и „Мерлоуз Плејс“. Претходно беше мажена за тапанарот на „Мотли кру“, Томи Ли, од кој се разведе во 1993 година и за гитаристот на „Бон Џови“, Ричи Самбора.