Во Домот на АРМ во Скопје од денеска (24 октомври) до 6 ноември е отворена традиционалната изложба „Голем формат“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Изложени се дела од Никола Пијанманов, Стефан Анчевски, Мице Јанкуловски, Мила Добревска, Јоана Арсовска, Душан Георгиевски, Слободан Живковски, Зулејха Зубери, Валентина Илијевска, Јана Јакимовска, Перо Кованцалиев, Нела Јанковска, Марина Лешкова, Ангелица Стојковиќ и Златко Пецов.
„Големиот формат како инспирација се потврдува најмногу во уметноста наменета за екстериер каде остварува динамичен дијалог со светот кој постојано се менува во отворен простор. Делата во голем формат поставени во ентериер го впиваат вниманието на гледачот со своите маркантност и доминација и за публиката не оставаат место за дилема, криење или двоумење“, вели ДЛУМ.