ОЛИВЕР МУСОВИЌ ОТВОРА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ВО ГЕРМАНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (30 октомври) во уличната галерија „Нојнкубикметер” вo германскиот град Регенсбург ќе се отвори самостојна изложба на Оливер Мусовиќ насловена „Understory“. Изложбата ќе биде отворена до 25 ноември.

Оливер Мусовиќ претставува фотографии во голем формат од серијата „Обраснато“ (Overgrown), на која работи во континуитет од 2023 на повеќе локации во Европа и Азија. Проектот ја документира спонтаната реколонизација на напуштени урбани простори од страна на природата, концепт познат како „трет пејзаж”.

Мусовиќ досега имал самостојни изложби во Македонија, Швајцарија, Словенија, Србија, Австралија, Црна Гора и Австрија и повеќе групни изложби низ Европа.