Изложбата „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија се отвора вечерва (31 октомври) во 20 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Оваа изложба е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамките на современата скулптура.
На изложбата ќе учествуваат Нела Јанковска, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Анѓел Димовски-Чауш, Христијан Качаревски, Маја Кировска, Перо Кованцалиев, Доротеј Нешовски, Синиша Новески, Марина Цветановска-Мартиновска, Славчо Павловски, Татјана Ристовска, Ана Димчевска-Семенпеева и Гоце Стоилковски.
Секоја година семејството Митриќески доделува награда за најдобра скулптура, чиј добитник ќе биде соопштен на отворањето на изложбата, која ќе трае до 11 ноември.