Фронтменот на групата „Кјур“, Роберт Смит вели дека пеењето песни од новообјавениот албум на бендот, „Песни од загубенот свет“ (Songs Of A Lost World), му помогнало да се справи со тагата поради губењето на блиските членови на семејството во последниве години. Зборувајќи за Би-Би-Си радио 6, тој рече дека пеењето во живо станало огромно бегството од „пропаста и мракот“ што ги чувствувал.
„Чувствувате поврзаност. И тоа е причината зошто сè уште го правам тоа, тој заеднички момент со толпата. Има нешто навистина, навистина прекрасно во тоа“, рече Смит.
Тој откри дека неговата сопруга Мери, која ја запознал во средно училиште, му помогнала да ја финализира листата на песни на албумот.
„Ги довршував несреќните и мрачните песни и Мери ми рече дека моите најдобри албуми се оние што имаат само барем неколу поведри песни. Таа беше во право“, рече рокерот.