ТРАЈКОВСКА И ЛУЛОВСКА ЈА ОТВОРААТ ИЗЛОЖБАТА „ФОТО-ГРАФИЧКИ ЕКСПЕРИМЕНТИ“ ЗА 50 ГОДИНИ ФРАНЦУСКИ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 7 ноември во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје ќе се отвори изложбата „Фото-графички експерименти“, на која ќе се претстават Ана Трајковска и Јана Луловска.

Овој заеднички проект беше создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ за време на нивниот двомесечен уметнички престој во Париз. „Фото-графички експерименти” е уметнички спој на фотографија, графика и инсталација и претставува омаж на суштината на Париз низ призмата на колаборативна уметност.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 50 години постоење на Францускиот институт и ќе биде отворена во наредните два месеца.