АМЕРИКАНСКИОТ СОЛИСТ НА УСНА ХАРМОНИКА РОБЕРТ БОНФИЉО ЌЕ ГО СВИРИ „БОЛЕРО“ ОД РАВЕЛ НА КОНЦЕРТ СО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (14 ноември) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи концертот насловен „Наостри ги сетилата“ на кој како солист на усна хармоника ќе настапи Роберт Бонфиљо од САД, а диригент е Борјан Цанев.

На програмата се делата „Музичка жртва“ од Стојче Тошевски, Концерт за усна хармоника и оркестар од Вила-Лобос и „Болеро“ и „Шпанска рапсодија“ од Морис Равел.

Борјан Цанев е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и диригент во Филхармонијата 20 години. Добитник е на признанијата „Виртуози – најдобар музички изведувач“ и „Ѓорѓи Божиков“. Специјализирал диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон и таму ја добил наградата „Аугуст Манс“ за најдобар млад диригент.

Роберт Бонфиљо е познат по епитетот „Паганини на усната хармоника“, како што го нарече „Лос Анџелес Тајмс“. Неговиот прв албум со Камерниот оркестар „Њујорк“ со музика од композиторот Еитор Вила-Лобос доби одлични критики и го свирел повеќе од 350 пати со големи оркестри низ светот.