ПЕРФОРМАНСОТ „ВОЛКОТ НА ЉУБОВТА“ ГО ОТВОРИ ФЕСТИВАЛОТ НА МУЗИКА ОД СВЕТОТ ВО БИТОЛА

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Во свечена атмосфера, вчера (28 ноември) беше отворен 16. Фестивал на музика од светот во Центарот за култура во Битола, кој ќе трае до 1 декември. Првата вечер беше поетско-музичкиот перформанс „Волкот на љубовта“ на Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски, на кој се изведоа најубавите љубовни песни од македонската современа сцена.

Настанот започна со интерпретација на македонската поезија од поетот Тихомир Јанчовски, кој преку зборовите на големите поети Блаже Конески, Ацо Шопов, Петре М. Андреевски и други ја воведе публиката во светот на љубовта и страста.

Во вториот дел од настанот, Николов со своите песни ги оживеа емоциите од златните времиња на македонската музичка сцена. Дел од настанот беше и Маја Андоновска-Илијевски, која го збогати со своја уникатна уметничка енергија.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

Фото: Д. Х. К. Милевски