На Том Круз му беше доделено највисокото цивилно признание на американската морнарица за исклучителен придонес за војската со неговите филмски улоги.
Круз прво се прослави како пилотот Маверик во големиот хит од 1986 „Топ ган“, а огромниот успех на филмот го зголеми интересот за служење војска во САД. Наградата му беше доделена на церемонија во филмското студио Лонгкрос во Англија.
Шеесет и двегодишната ѕвезда изрази благодарност за „исклучителното признание“.
„Им се восхитувам на сите војници. Знам дека во животот е многу важно да се биде водач и да се служи. Го знам тоа до срж“, рече Круз, стоејќи до американскиот секретар за морнарица Карлос Дел Торо, кој му врачи сертификат и медал.
Круз се прослави и со улогите во акционите хитови „Роден на 4 јули“ и „Неколку добри луѓе“ и серијата „Невозможна мисија“.
(Фото: ПА)