Камерон Дијаз се врати во центарот на вниманието на берлинската премиера на „Назад во акција“ (Back in Action). Тоа беше нејзината прва филмска премиера по речиси една деценија.
Настанот се случи нешто помалку од една недела откако премиерата на филмот во Њујорк беше откажана поради шумските пожари во Лос Анџелес. Дијаз, која претходно се повлече од глумата во 2018, блескаше на црвениот тепих во Германија, одејќи заедно со колегата Џејми Фокс. Дијаз (52) носеше широки фармерки, полупроѕирен црн горен дел и капут.
Продукцијата беше прекината откако Џејми Фокс имаше мозочен удар во април 2023 и тој се врати на снимањето во јануари 2024.
Филмот ќе се прикажува на „Нетфликс“ од 17 јануари.