КИНЕЗИТЕ ГО НАПРАВИЈА НАЈСКАПИОТ ТЕРЕНЕЦ НА СВЕТОТ

Лондон, (Топ гир)

Некаде во блиска иднина, „Ролс-ројс“ ќе го претстави „кјулинан“, неговиот прв модерен теренец, од кој се очекува да биде најбогато опремено и најскапо вакво возило на светот.

До тогаш, оваа титула ќе ја носи „карлман кинг“.

Овој шест тони тежок и блиндиран СУВ чини 1,56 милиони фунти.

Заснован на камионот „форд Ф-550“, „карлман кинг“ е дизајниран од кинеската компанија ИАТ и направен од нејзин тим во Европа, што го прави глобален производ.

Однадвор ќе може да се блиндира, а во внатрешноста ќе биде суперлуксузен

Дизајнот на возилото Кинезите го опишуваат како „досега невиден празник за очи“. Според компанијата, дури 1.800 луѓе учествувале во дизајнирањето на „кралот“.

Тој е погонет од 6,8-литарски В10 мотор на „Форд“, долг е шест метри и тежок 4,5 тона, кои стануваат шест, ако се решите за блиндирана верзија. Брзината нема да биде негов адут, бидејќи е ограничена на 140 километри на час. Затоа, тука е луксузот.

Во внатрешноста на возилото, меѓу другото, ќе има апарат за кафе, фрижидер, телевизор со рамен екран, неонско осветлување и систем за прочистување на воздухот.