КОНЦЕРТ „ФИЛХАРМОНИЈА НА КИРИЛИЦА“ СО НИНА КОСТОВА КАКО СОЛИСТКА НА ПИЈАНО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 23 јануари од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Филхармонија на кирилица“. Како солистка ќе настапи Нина Костова на пијано.

На репертоарот се Концерт за пијано и оркестар бр.3 во Це-дур, Оп. 26 од Прокофјев и Симфонија бр. 2 во це-мол, Оп.29 од Скрјабин. Диригент е Борјан Цанев.

Нина Костова повеќепати настапила како солистка со Филхармонијата, како и со Младинскиот симфониски оркестар „Добрин Петков“ од Пловдив, Камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“, Камерниот оркестар „Московија“, Симфонискиот оркестар на ФМУ. Соработува со значајни диригенти од Македонија и од странство. Работи како професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Борјан Цанев е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје и диригент во Филхармонијата 20 години. Добитник е на признанијата „Виртуози – најдобар музички изведувач“ и „Ѓорѓи Божиков“. Специјализирал диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон и таму ја добил наградата „Аугуст Манс“ за најдобар млад диригент.