Ози Озборн и бендот „Блек сабат“ ќе се обединат за последен пат на концерт во Бирмингем на 5 јули, чија цел ќе биде собирање средства за лица болни од Паркинсоновата болест. На концертот за првпат по 20 години ќе свири заедно оригиналната постава на хеви метал пионерите, Ози Озборн, Тони Ајоми, Гизер Батлер и Бил Ворд.
„Блек сабат“ ќе го предводи еднодневниот фестивал на стадионот „Вила парк“, на кој ќе настапат десетици бендови што тие ги инспирирале, како „Металика“, „Пантера“, „Слеер“, „Гоџира“ и „Антракс“.
Озборн, кој се повлече од настапите поради Паркинсоновата болест и повреда на рбетот, ќе има краток соло настап пред да им се придружи на своите колеги од бендот. Неговата сопруга Шерон рече за Би-Би-Си дека Ози е решен да приреди уште едно, последно шоу.
„Тој одлично се снаоѓа. Навистина одлично му оди. Mногу e возбуден што повторно ќе биде со момците и со сите негови пријатели“, кажа Шерон Озборн.
„Блек сабат“, кој се формираше во 1968, претходно имаше проштален концерт во Бирмингем во 2017.
Озборн се здоби со повреда на рбетот во 2003, а во 2020 откри дека има Паркинсонова болест.