Актерот Шон Пен го објави својот прв роман „Боб Хани кој прави работи“ и веројатно нема да се прослави како најдобрата книга што некогаш била напишана.
Критичарите го изрешетаа романот, во којшто главниот лик е платен убиец кој работи за американската разузнавачка служба. Во книгата има и измислен претседател, кој е опишан како „насилно незрело 70-годишно момче”.
Во епилогот, романот го нарекува движењето #МеТоо „крстоносна војна на деца “.
Критичарот на „Њујорк тајмс“, Џеф Гајлс, напиша дека романот е како „загатка завиткана во енигма и покриена со лудило” , како и дека едвај преживеал читајќи го романот.
„Сите освен Шон Пен ќе уживаат во читањето на оваа книга“, е една од реакциите на Твитер.
Дејвид Канфилд од „Ентертејнмент викли“ се обидува да го објасни размислувањето на Пен.
„Тешко е да не ја читате книгата како гласен, лут, апсурден одговор на состојбата во светот”, пишува тој.
Меѓу ретките кои не беа разочарани од книгата е писателот сер Салман Ружди, кој вели дека книгата е „многу забавна за читање“.
Педесет и седумгодишниот глумец освои оскар за „Мистична река“ и „Милк“.