Денеска (11 февруари) од 20 часот, во киното Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „За Ева“.
Режисер е Бојан Василев, кој го напиша сценариото заедно со Андреј Насков. Играат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашко Василев. Продуценти се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“.
Втората проекција е од 21 часот.