КЕЈТ ВИНСЛЕТ ЌЕ РЕЖИРА ФИЛМ ЗА „НЕТФЛИКС“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Оскаровката Кејт Винслет за првпат ќе режира филм, наречен „Збогум јуни“ за стриминг гигантот „Нетфликс“. Винслет исто така ќе глуми во филмот, заедно со Тони Колет, Џони Флин, Андреа Рајзборо, Тимоти Спал и Хелен Мирен.

„’Збогум јуни‘ е фиктивна драма сместена во денешно време во Англија. Трогателна, но хумористична приказна во која браќа и сестри се здружуваат под ненадејни и тешки околности“, објави „Нетфликс“, додавајќи дека продукцијата ќе почне наскоро.

Последната филмска улога на Винслет беше во „Ли“, чија премиера беше на Филмскиот фестивал во Торонто во 2023. Британската глумица седум пати беше номинирана за Оскар, а го доби за најдобра женска улога во „Читателот“ во 2008.

(Фото: Гети)