Фолк рок легендата Нил Јанг ќе ја започне европската етапа од својата претстојна турнеја со бесплатен концерт во Украина, објави тој на својата веб-страница. Јанг (79) не кажа кога ќе биде концертот, освен дека ќе биде бесплатен за сите.
Јанг ја поддржува Украина откако започна руската инвазија пред повеќе од три години и е остар критичар на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Keep on Rockin’ in the FREE WORLD“, напиша тој на својата веб-страница, алудирајќи на неговиот хит од 1991, а големо украинско знаме го придружува соопштението. Според списанието „Ролинг стоун“, тоа ќе биде неговиот прв концерт во Украина.
Турнејата претходно требаше да започне во Шведска на 18 јуни.
(Фото: Гети)