ТРЕБА ДА ИСКОСИШ МНОГУ ТРЕВА ЗА ДА ДОБИЕШ ПАТИКИ ОД 6.000 ДОЛАРИ, МУ РЕЧЕ БЕН АФЛЕК НА СИНОТ

САД, (Си-Ен-Ен)

Актерот Бен Афлек е љубител на патики, но вели дека нема да им купува скапи работи на своите деца само затоа што, веројатно, може да си го дозволи тоа.

Оскаровецот тоа јасно го кажа кога го однесе својот 13-годишен син Семјуел на конвенцијата за патики „Got Sole“ во Лос Анџелес и не ја искористи можноста да му купи пар „Диор Ер Џордан 1“ кои чинат 6.000 долари.

„Многу тревници треба да искосиш за да ги носиш овие патики“, му рекол Афлек на Семјуел откако ја дознал цената.

Афлек потоа му кажа на својот син дека чевлите му се допаѓаат само „бидејќи се скапи“.

Афлек со својот 13-годишен син Семјуел на конвенцијата за патики во Лос Анџелес (Фото: принтскрин)

„Не, тие се супер. Отсекогаш сум велел дека изгледаат добро“, возврати Семјуел.

Афлек глумеше и го режираше филмот „Ер“ од 2023 година, кој го прикажува историскиот договор што Најк го направи со Мајкл Џордан.

Додека биле на конвенцијата, водичот им покажал на Афлек и на Семјуел пар Ер Џордан од 1985, за кои Афлек рече дека биле „неверојатен“ пар чевли.

„Мал дел од историјата токму овде“, рече Афлек.

Афлек ги има Семјуел, Виолет (19) и Серафина (16) со поранешната сопруга Џенифер Гарнер. Во август во 2024, тој се разведе од поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез со која нема деца.

 

Фото: Гети