ВТОР АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ НА КАЛИОПИ НА 6 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Калиопи ќе одржи и втор акустичен концерт во Филхармонијата на 6 декември, поради тоа што првиот кој е закажан за 14 ноември е речиси распродаден, објави продукција „Прагма“.

„Ова ќе биде ексклузивен акустичен концерт на Калиопи ‘100%  во живо’. Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика“, велат од „Прагма“.

Во октомври лани, Калиопи одржа концерт во полната сала „Борис Трајковски“, со која прослави 40 години на сцената и 40 години соработка со Ромео Грил, нејзиниот продуцент и поранешен сопруг. За првпат во живо во Скопје, таа ги испеа песните од нејзиниот нов албум наречен „Албум“.

(Фото: Ѓ. Личовски)