ХУМАНИТАРНИОТ КОНЦЕРТ НА ЛЕГЕНДАРНИТЕ МЕТАЛ БЕНДОВИ СОБРА 162 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА АНГЛИСКИТЕ ДЕТСКИ БОЛНИЦИ

Англија, (Би-Би-Си)

Последниот настап на „Блек Сабат“ во Бирмингем, собра 162.340 милиони евра за добротворни цели, според музичкиот директор на настанот, Том Морело, гитарист во бендот „Рејџ агенст д машин“.

Тој напиша: „Собравме многу пари со хумана цел и толку многу одлични музичари, бендови и фанови од целиот свет им оддадоа почит на великаните на сите времиња“.

Целиот профит ќе биде подеднакво поделен помеѓу Детската болница во Бирмингем, и Детската болница со седиште во Мидлендс.
Илјадници луѓе се собраа во Вила Парк во Бирмингем на 5 јули, придружувани од ѕвездена постава на метал великани, вклучувајќи ги „Металика“ и „Слејер“.

Во објавата на гитаристот Морело се вели дека организирањето на настанот било „повеќе од една година напорна работа, но хеви металот беше музиката што ме натера да ја сакам музиката и тоа беше настан полн со љубов“.

Од Детската болница во Бирмингем рекоа дека е „задоволство“ да се биде дел од овој концерт.

Парите ќе бидат искористени за реновивање на болницата, вклучувајќи ја и тековната трансформација на предниот влез, каде што ќе се изгради голем аквариум.

Исто така, планирани се подобрувања на одделот за итни случаи, забавни активности за децата, ново кино и друга опрема.

Во акцијата се вклучи и Ози Озборн, кој во 2020 објави дека му е дијагностицирана Паркинсова болест.

 

 

Фото: Р. Халфин