Џереми Стронг е фаворит за улогата на Марк Закерберг во продолжението на филмот „Социјалната мрежа“. Според сајтовите „Дедлајн“ и „Вараети“, во филмот би требало да играат и оскаровката Мајки Медисон и Џереми Ален Вајт, ѕвездата на серијата „Мечка“.
Арон Соркин, кој доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио за „Социјалната мрежа“ од 2010, ќе биде режисер и сценарист на новиот филм. Во филмот на Дејвид Финчер, Закерберг го глумеше Џеси Ајзенберг.
„Социјалната мрежа 2“ наводно нема да биде едноставно продолжение на приказната за основањето на Фејсбук, туку повеќе ќе биде фокусиран на неодамнешните контроверзии околу гигантот на социјалните медиуми. Сценариото ќе се базира на извештаите на Џеф Хоровиц за „Вол стрит џурнал“, кој ги истражуваше внатрешното функционирање и штетата предизвикана од компанијата.
Стронг се прослави со наградуваната серија „Следоред“ и оваа година беше номиниран за Оскар за најдобра споредна улога за „Приправник“, филмот за Доналд Трамп.
(Фото: Гети)