На 28 август, македонската поп- рок група „Нокаут“ и босанските рокери „Дивље јагоде“ ќе настапат во Радовиш, на прославата по повод Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш. „Нокаут“ настапува од 21 часот, а „Дивље јагоде“ од 23 часот. Влезот е слободен.
На 29 август на ракометното игралиште во Битола се одржи музичкиот фестивал СОС. Концерти ќе одржат истите бендови, „Дивље јагоде“ и „Нокаут“.
Настанот ќе го отвори диџеј Чико од 20 часот, по него се „Нокаут“ од 21.30, а настапот на „Дивље јагоде“ е од 23.30, објави прдукцијата „Фреш јунион“.
Билетите се продаваат преку мрежата на МК тикетс.