ИЗЛОЖБАТА „ОД ЧЕТА ДО АРМИЈА“ ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА НА 15 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 15 август во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје ќе се отвори изложбата „Од чета до армија“ од авторот Бојан Трпевски, водич историчар.

Преку примероци на оружје, фотографии, документи и други материјали, изложбата ќе ги претстави клучните етапи од процесот на создавање на македонските вооружени сили – од ајдутството, преку востаничките чети и одредите во Народноослободителната борба, до создавањето на македонската армија како еден од најважните столбови на државниот суверенитет и независност.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на септември.