Тамара Тодевска и Каролина Гочева велат дека се многу задоволни од нивните настапи на фестивалот Струмица опен. Тодевска со бендот настапи на втората вечер на 12 август, а Гочева следниот ден. Концертите се одржаа во Градскиот парк.
„На Струмица опен секогаш имаме распеана и весела публика. Мило ми е што овој фестивал дава поддршка, пред сѐ, на домашните артисти, младите уметници во подем, но и на веќе докажани ѕвезди, а мои соработници и пријатели“, кажа Тамара Тодевска.
„Струмичани мои, секоја наша средба е магија. Ви благодарам на поканата“, рече Гочева, која настапи со репертоар од најголемите хитови.

На фестивалот имаше и вечер посветена на познатиот текстописец Ѓоко Ѓоргиев со групата „Ју фор ју“, а концерт оджаа и учениците од летната школа по гитара „Џоко Георгиев“. Настапија и Битолскиот камерен оркестар, бендот „Рингтонс“, „Ана и девојките“ и дуото Анастасија и Никола.