РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА ЖАНЕТА ВАНГЕЛИ ВО ЧИФТЕ АМАМ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Утре (21 август) август во 20 часот во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ), ќе се отвори ретроспективна изложба на уметницата и професорка Жанета Вангели. Кураторка на проектот е виш кустос Маја Крстевска, а стручен соработник, кустос Горанчо Ѓорѓиевски.

Вангели активно твори и учествува на македонската ликовна сцена од средината на 1980-тите па до денес.

„Внесувајќи нови и радикални промени во визуелниот хоризонт на овие простори, со ова ретроспективно претставување, таа одново го актуализира прашањето за релевантноста на ликовниот говор низ тропите на современата уметничка агора.

Ретроспективниот проект/концепт ‘Архив 2, 1985–2025: Епифанија’ е втор дел од творечкиот опус на Вангели претставен во Музејот на современата уметност (МСУ) Скопје (2017).

Како резиме на творештвото од четири декади, проектот ‘ Архив 2, 1985–2025: Епифанија’ ги претставува ликовните настојувања во континуитет на креативниот процес, осветлувајќи ја естетската линија во поширокиот ликовно-естетски, културно-антрополошки и општествено-политички контекст“, стои во текстот од Натали Рајчиновска-Павлеска.

Изложбата ќе биде поставена до 14 септември.