Кантавторот Дарио ќе настапи на 13 септември во скопскиот Парк на франкофонијата во рамките на настанот „Нешто што ќе остане“, а влезот ќе биде слободен. Истата вечер настапуваат и други познати македонски пејачи: Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, Барбара Поповиќ, Елена Ристеска и групата „2 бона“. Дарио ќе пее со својот бенд „МИГ-21“, а вечерта ќе ја води Вера Јанковиќ.
„Би сакал да ве известам дека на 13 септември ќе се видиме во Градски парк во Скопје, во Паркот на франкофонијата. Општина Центар го организира својот традиционален музички хепенинг ‘Нешто што ќе остане’. По тој повод, јас и мојот бенд ‘МИГ- 21‘ ќе ги отсвириме најголемите хитови. И тоа ќе бидат оние песни кои влегуваат во онаа шема нешто што ќе остане“, рече Дарио.