„ЕПЛ“ ГО ПРЕТСТАВИ НАЈТЕНКИОТ „АЈФОН“ ДОСЕГА

Њујорк, (АП)

Епл“ ја претстави својата серија смартфони „ајфон 17“, која го вклучува и неговиот најтенок телефон досега.

Како и во минатото, и новите смартфони имаат подобри камери, подолготрајни батерии и низа други надградби, а доаѓаат и со новиот чип А19, што особено ќе помогне во напојувањето на функциите за вештачка интелигенција.

Тие ќе бидат во продажба од 19 септември, а цените ќе се движат од 800 до 1.200 долари, што е во рамките на цените на моделите објавени во последните пет години.

Дел од понудата е „ајфон ер“ (iPhone Air), најтенкиот смартфон произведен од „Епл“ досега, кој има само 5,6 милиметри.

Сосема новиот ‘ајфон ер‘ е толку моќен, а, сепак, неверојатно тенок и лесен што мора да го држите за да поверувате дека е вистински. Овој огромен скок во дизајнот и инженерството е овозможен благодарение на иновациите на ‘Епл‘. Тој нуди напредни функции што нашите корисници ќе ги обожаваат“, рече Џон Тернус, виш потпретседател на „Епл“ за хардверско инженерство.