СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН И КОЛИН ЏОСТ ОФИЦИЈАЛНО КАКО ДВОЈКА НА ЦРВЕН КИЛИМ

Лос Анџелес, (Хафингтон пост)

Премиерата на „Одмаздници: војна на бесконечноста“ во Лос Анџелес не само што успеа да ги собере сите суперхерои на едно место, туку ги претстави и Скарлет Јохансон и Колин Џост како нова двојка.

Актерката и ѕвездата од шоуто „Сабота вечер во живо“ го имаа нивното прво официјално претставување на црвен килим како двојка, по речиси едногодишната врска.

„Возбудена сум што можам да го споделам ова искуство со него, бидејќи првпат заедно ќе го гледаме филмот“, рече Јохансон, која ја репризира својата улога на Блек Видоу во третиот дел на „Одмаздници”.

Двајцата беа за првпат забележани заедно во мај 2017 година. Месеци подоцна, тие ја потврдија врската на Гала вечерта во Американскиот музеј за национална историја во Њујорк.

Јохансон во јануари 2017 година објави дека се разведува од сопругот, францускиот новинар Ромен Доријак, со кого ја има тригодишната ќерка Роуз.