Меѓународниот театарски фестивал Скупи во Скопје почнува на 29 септември и ќе трае до 4 октомври. Фестивалот ќе се одржи по 19. пат во Албанскиот театар, а мотото е „На крајот, секоја маска мора да падне”.
Отворањето е на 29 септември во 20 часот, со преставата „Брак“ од авторот Витолд Гомбрович во режија на Норберт Раковски, продукција на Националниот театар на Косово од Приштина, Косово (фото).
До 4 октомври ќе се изведат претстави од Италија, Словенија, Турција, Србија, Бугарија и од Албанија.