ЌЕ СЕ ТРУДАМ ДА ИЗЈАВУВАМ ШТО ПОМАЛКУ ГЛУПОСТИ, РЕЧЕ ИГОР ЏАМБАЗОВ, КОЈ ДОБИ НАГРАДА НА РОДЕНДЕНОТ НА „БЕКСТЕЈЏ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Игор Џамбазов беше дел од гостите на прославата на 18. роденден на естрадниот магазин „Бекстејџ“. Актерот доби награда за изјава на годината, во која пред неколку месеци рече: „Кој ве научи толку многу да мразите?“.

Тоа видео беше едно од најсподелуваните на социјалните мрежи, а Џамбазов кога ја прими наградата рече:

„Јас имам многу изјави како инфлуенсерка, повеќето се глупости, но, ете, некоја била споделувана, луѓето ја сакале, го ценеле тоа што сум го изјавил. Ви благогарам и ќе се трудам и понатаму да изјавувам што помалку глупости“, рече актерот.

Неговата наградена изјава во целост гласеше: „Кој ги научи овие луѓе толку да мразат? Кој ве научи да мразите луѓе што не сте ги запознале во животот? Вашата омраза дечки не стигнува подалеку од собата во која ја објавувате пораката“.

„Некст тајм“ и Слаткаристика добија награда за хит на годината за песната „Океани“ (Фото: СМАРТ СДК.МК)

„Бекстејџ“ традиционално додели награди на повеќе познати личности, овојпат на Слаткаристика, „Некст тајм“, Антониа Гиговска, групата „Галија“ младиот трап пејач Пајак и други.

Џамбазов се пошегува дека екипата на магазинот, сега како полнолетна, треба да извади лична карта и може да гласа.

М. ЏАРОВСКА