Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе го одржи својот годишен концерт на 11 номеври во малата сала на Филхармонијата од 20 часот. Ќе диригираат Рамадан Шукри и Ерхан Шукри, кои велат дека тоа ќе биде вечер полна со музичка топлина, енергија и пријателство.
На репертоарот се дела од Мандонико, Кувахара, Шиндиловски, Хачатуријан, Цанев, Вивалди и Вилијамс, а премиерно ќе се изведат и композиции напишани специјално за ансамблот.
Диригентот Ерхан Шукри вели дека концертот е спој на традиција и современ звук. Како солист ќе настапи Дарко Багески на гитара. Билетите се продаваат преку мрежите на Мк тикетс и karti.com.mk.